Египетски активист осуден поради навреда на Морси

Од:

Египетскиот активист Ахмед Дума е прогласен за виновен поради навреда на претседателот на Египет Мохамед Морси, по што му е одредена условна казна од шест месеци затвор.

Дума е обвинет поради тоа што за време на судирите помеѓу државните сили и демострантите во Порт Саид во февруари, во кои загинаа 40 лица, претседателот го нарече криминалец.

Тој исто така ја обвини Морсиевата групација Муслиманско братство дека стои зад насилните интервенции против мирните демонстранти, минатата година пред зградата во која се наоѓа канцеларијата на претседателот Морси.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина