Познатиот „калашников“ или пушка АК-47 може да се состави, а деловите за неа се достапни на Интернет. Брајан Шац, новинар на магазинот Мадр Џонс, сам составил калашников, токму на овој начин.
Сите делови ги набавил на сајтовите на кои се собираат љубителите на оружје каде делат совети како се изработува оружјето.
Законот во САД вели дека не може да се забрани изработка на огнено оружје за лична употреба. Проблемот за властите кај ваквата изработка е тоа што пушките немаат сериски број, така што им е тешко да се влезе во трага.