Поп-ѕвездата Џенифер Лопез беше фотографирана од папараците како се релаксира на карипските острови Туркс и Кајкос, а со својата „извајана“ фигура, како и секогаш, привлече внимание.
На сликите, Џенифер носи едноделен црн костим за капење кој ја истакнува нејзината фигура, а глетката на обликуваниот задник ги полуде нејзините фанови.
Познато е дека Лопез ја одржува својата форма со редовни тренинзи, а на изгледот и покрај тоа штo има 51 година, можат да и позавидат и многу девојки.
Џенифер ја одложи венчавката со нејзиниот вереник Алекс по втор пат поради пандемијата на коронавирусот.
Пејачката призна дека откажувањето на венчавката им дало шанса да размислат подобро за тоа што двајцата сакаат во иднина.
– Сфативме дека нема причина да брзаме. Требаше да се венчаме во август во Италија, сето тоа детално го испланиравме. Но, поради сè што се случуваше, ние ја одложивме венчавката. Италија тогаш беше најлошото место во светот. Сето тоа беше разочарувачко за мене – изјави Џенифер претходно во шоуто на Енди Коен.
– Работите ќе се случат тогаш кога ќе им биде судено, но тогаш ќе подразмислиш дали воопшто го сакаме тоа? Околностите ни дадоа можност да застанеме и да размислиме, кажа Џеј Ло.