Гостинка на веќе традиционалниот „Патот до Ролан Гарос“ беше Ана Ивановиќ. Најдобрата српска тенисерка одговори на некои интересни прашања.
„Би сакала да играм со Моника Селеш. Беше мој идол. Родена е и израсната во Србија и навистина го сакав нејзиниот стил на игра“, одговори Ивановиќ на прашањето со која тенисерка би сакала да си ги одмери силите.