Саудискиот принц Фахд ал-Сауд потрошил 15 милиони евра на тридневна забава во парискиот Дизниленд, соопшти управата на тематскиот парк.
Сакајќи да го прослави дипломирањето, саудискиот принц го закупил целокупниот парк од 22 до 24 мај и повикал 60 гости.
Во текот на тие три дена, приредени се неколку забави, а целиот простор бил под режим на посебни мерки заради безбедност на принцот кој е познат како еден од редовните гости на паркот.
Иако само минатата година привлече 16 милиони гости, Еуро Дизни уште од отворањето, пред 20 години, не успева да оствари профит.
Од октомври 2012 година, до март оваа година, паркот забележа загуби од 89,1 милиони евра.