(ВИДЕО) Џамироквај им одговори на твитерџии: Можеби мислите дека сте ме виделе во Вашингтон, но не бев меѓу тие лудаци

Од:

Пејачот Џеј Кеј, попознат како Џамироквај, денеска преку видео порака им се обрати на „твитерџиите“, откако на социјалната мрежа беше споредуван со еден од учесниците во демонстранциите во Вашингтон, кои влегоа во американскиот Конгрес за да го поддржат претседателот во заминување Доналд Трамп, а притоа загинаа четири лица.

На Твитер постојано кружеа компарации меѓу Џамироквај и еден од демонстрантите кои најмногу паѓаше в очи, односно беше гол над половината, носеше крзно и рогови на главата, а на лицето го имаше исцртано американското знаме.

„Можеби мислите дека ме видовте во Вашингтон вчера, но да знаете дека не бев меѓу тие лудаци. Не сум сигурен дека тоа е мое друштво“, вели Џамироквај во видео пораката, поздравувајќи ги своите фанови.

„Џамироквај, што се случи човеку?“

„Џамироквај издава нов албум кој се снима во Капитол“, беа само дел од коментарите на „Твитер“.

Еве дел од нив:

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна