Четири жени-војници во Израел се казнети поради тоа што на „Фејсбук“, објавиле фотографии во долна облека и воена униформа, соопшти израелската војска.
На фотографиите кои што се објавени на израелскиот информативен портал „Walla“, се гледаат четири девојки кои ги соблекуваат своите униформи и ги покажуваат своите полуразголени тела.
Според порталот станува збор за млади регрутки кои се стационирани во јужен Израел, а инцидентот е само еден во низата кои за последните неколку месеци ги предизвикаа израелските војници на социјалните мрежи.
Војската по инцидентот спроведе повеќе едукативни предавања за тоа како војниците треба да се однесуваат.
Девојките од фотографијата се казнети, но не е прецизирано на кој начин.
Елена Георгиевска