Џорџ В. Буш: Така се оспоруваат изборни резултати во банана републики, а не во нашата демократија

Од:

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш изрази осуда на упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата на американскиот парламент во Вашингтон, нарекувајќи го тоа „мачен“ и „срцепарателен“ чин, објавија американските медиуми.

„Така се оспоруваат изборните резултати во банана републики, а не во нашата демократска република“, посочи тој.

„Јас сум згрозен од несовесното однесување на некои политички лидери од изборите и недостатокот на почит кон нашите институции, нашите традиции и нашето спроведување на законот, што можеше да се види денеска“, наведе Буш во изјавата во која не се споменува името на Трамп, но јасно се алудира на него и на другите републикански функционери, јави Си-Ен-Ен.

Според поранешниот претседател на САД, нападот врз Капитол бил инициран од „луѓе чии страсти биле разгорени од невистина и лажни надежи“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија