Во светот минатата година е зголемен бројот на милионери

Од:

Бројот на милионерите во светот е зголемен минатата година без оглед на постоечката криза, особено во Азија, каде „банкарските офшор компании“ привлекуваат се повеќе странски капитал.

На клубот на милионерите, со богатство поголемо од милион долари не сметајќија на вредноста на нивните недвижнини, минатата година му се приклучиле повеќе од милион лица, покажува студијата, која кон крајот на мај ја објави Бостон Косталтинг Груп (БКГ).

Бројот на милионерите во 2012 година се зголемил за 12,6, на 13,8 милиони. Ианку листата на земји според бројот на милионерите остана иста како и во 2011 година. Најмногу милионери живеат во САД, потоа во Јапонија, а на трето место е Кина.

Приватното богатство во 2012 година е зголемено за 7,8 отсто и изнесува 135.500 милијарди долари, додека една година претходно изнесувало околу 104.295 милијарди долари.

Најголема стапка на раст на приватното богатство, од 13,8 отсто,минатата година имал Азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија.

Според проценките на БКГ, во Кина за пет години богатството во рацете на поединци двојно ќе се зголеми, односно се порасне за 104 отсто.

Во Хонг Конг, според последните податоци, има најголема концентрација на супер богати, со банкарски сметки тешки над 100 милиони долари.

Поради исклучително поволните услови Азија ќе стане се попривлечна за странските банкарски депоненти, особено за Сингапур и Хонг Конг, каде странските државјани чуваат над 1.200 милијарди долари.

Единствено Швајцарија е подобро позиционирана, бидејќи во нејзините банки се чуваат 2.200 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница