Членови на Конгресот на САД го повикаа ФБИ да покрене криминалистичка истрага против Трамп

Од:

Двајца демократски пратеници го повикаа Федералното биро за истраги (ФБИ) да покрене кривична истрага против Доналд Трамп поради притисок врз службеници да ги поништат резултатите од претседателските избори.

За време на викендот Вашингтон пост објави телефонски разговор во кој американскиот претседател го моли високиот претставник на Џорџија, републиканецот Бред Рафенспергер, да ги поништи резултатите од изборите на 3 ноември во таа држава, тврдејќи дека се што треба да стори е „да пронајде 11.780 гласови“.

Во писмо до директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, демократ од Калифорнија, Тед Лиеу и демократот од Њујорк, Катлин Рајс, наведуваат дека „доказите за изборната измама на г. Трамп се јасно видливи“.

„Како членови на Конгресот и поранешни обвинители, веруваме дека Доналд Трамп учествуваше во убедување или заговор за извршување бројни изборни злосторства. Ве молиме веднаш почнете кривична истрага против претседателот“, напишаа Лиеу и Рајс.

Два месеца по претседателските избори во САД, Трамп одбива да признае дека ги загубил изборите од новоизбраниот претседател Џо Бајден.Конгресот треба да се состане утре за да ја потврди изборната победа наБајден пред претседателската инаугурација на 20 јануари.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп