Објавен романот „На големото корито“ од Софи Дол

Од:

Во рамките на едицијата „Приказни што нѐ обединуваат“, поддржана од Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, во издание на „Паблишер“од печат излезе книгата „На големото корито“ од Софи Дол, во превод на македонски јазик на Офелија Ковилоска.

„На големото корито“ е приказна во која секој лик е во потрага по емоционално закрепнување, откако ќе ја прифати одговорноста за своите постапки. Тоа е роман за верноста во потрагата по вистината, поттикната од желбата и потребата да им простиме на другите, но и себеси. Откако ја отслужил својата казна за злосторство што го извршил пред 30 години, еден градинар од градот Ножан-Ле-Ротру, повторно ќе мора да се соочи со сопствените избори и грешки. Во напната атмосфера, додека го чека соочувањето со личноста од која се плаши, за овој осамен човек почнува одбројувањето.

Софи Дол е современа француска театарска актерка и писателка. Барајќи начин да се избори со тешките животни удари, таа почнува да пишува. Во 2015 година ја објавила својата прва книга „Камил, мојата птица“. Нејзиниот втор роман „Шиење“ е посветен на нејзината мајка. Во 2018 година беше објавен нејзиниот трет роман „На големото корито“, во кој зборува за околностите поврзани со убиството на нејзината мајка и соочувањето со нејзиниот убиец. Романот ја доби Европската награда за литература во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска