Утре ден на жалост во Русија

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин утрешниот ден го прогласи за ден на жалост за жртвите од автобуската несреќа и поплавите во Краснодар. Руското државно знаме насекаде во државата и амбасадите низ светот, ќе биде поставено на половина копје, а руските телизиски и радио станиците треба да се воздржат од емитување забавна програма.

Поплавите беа едни од најлошите што и се имаат случено на Русија во последниве години, неколку градови и области во регионот Краснодар се уништени, а загинаа најмалку 150 луѓе. Повеќе од 6.000 куќи се поплавени во регионот, а поради поплавите имаше и застој во снабдувањето со електрична енергија, патниот и железничкиот сообраќај.

Русија утре ќе жали и за жртвите од автобуската несреќа во која загинаа 14 лица. Во автобусот имало 43 патници кои патувале од Русија кон Украина.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија