Приведен првоосомничениот за откриената мини фабрика за марихуана во Драчево

Од:

Припадниците на единицата „Алфа“ вчера го приведоа А.Г. (32) од Скопје кој беше баран по наредба на Основен суд Скопје 1- Скопје, соопшти МВР.

А.Г. е приведен во ресторанот „Панорама“ во село Волково во 01,00 часот, а потоа е прадеден во полициската станица Кисела Вода.

Тој е првоосомничен во случајот со т.н. мини фабрика за производство на марихуана откриена во магацински простор во скопската населба Драчево во декември 2011 година. Во магацинскиот простор опремен со системи за наводнување, вентилација, греење и прехранување на растенијата, беа откриени 1.000 садници канабис сатива.

Би можело да ве интересира

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен