Два турски воени брода, ракетен чамец и фрегата, кои се движеле од југоисточниот дел на Егејското Море, ги нарушиле грчките територијални води источно од островот Аморгос.
Генералштабот на вооружените сили на Грција соопшти дека двата брода се движеле меѓу островите Миконос и Наксос, јужно од островот Сирос.
Во соопштенито се додава дека за прв пат два турски брода навлегле во грчките територијални води. Бродовите биле следени од грчката авијација и поморската флота.
На 26-ти мај турски ракетоносец ги нарушил територијалните води на Грција во регионот на Килкадските Острови во Егејското Море.