Економијата не еврозоната се насочува кон обновување подоцна во текот на оваа година, благодарение на флексибилната монетарна политика на Европската централна банка и на побарувачката од странство, изјави претседателот на ЕЦБ Марио Драги на меѓународна конференција во Шангај.
– Економската ситуација во еврозоната и натаму е критична, но има неколку сигнали за можна стабилизација. Главното сценарио и натаму предвидува постепено обновување, кое ќе почне кон крајот на тековната година, рече Драги.
– Заканата од програмата на ЕЦБ за купување на државните обврзници одигра клучна улога за смирување на финансиските пазари, од што фактички корист имаат сите учесници на пазарот, нагласи тој и предупреди дека сепак и покрај тоа ранливоста е се уште присутна.
Драги ги повика владите да се придржуваат кон плановите за реформи.