Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.
На дневен ред на седницата е Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, персонален данок на доход, данок на добивка и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во траен влог во Друштвото Фабрика за шински возила „Велес“ ДООЕЛ – Велес и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, двата во второ читање.