„Името ми е Вивиен Ли“ нов роман на Горјан Петревски

Од:

„Името ми е Вивиен Ли“ е новиот роман на македонскиот писател Горјан Петревски што тој го објави на крајот на 2020 година.

Романот, како што наведува авторот, е пишуван според вистината на една тинејџерка, па оттука приказната произлегува од денешното време.

Главните ликови се тинејџерката наречена Вивиен Ли и нејзината другарка по име Вероника. Првата преку својата необична љубов кон „Норвежанецот од Љубојно“, запаѓа во незгодни, но и во духовити ситуации. Сето тоа се слева во еден богат сплет на случки и настани кои се вградуваат во структурата на приказната која е врзана со денешново време.

Вивиен Ли, и покрај тоа што не е надарена за пишување, поради својата заљубеност во таинствениот „Норвежанец од Љубојно“, последна надеж и „терапија“ ѝ е да напише љубовна приказна. Таа цело време, криејќи од родителите, ќе се измачува да пишува не верувајќи дека тоа ќе ѝ успее, а на крајот, без да биде сигурна во она што го пишува, ќе го создаде романот.

Дизајнот на корицата, ликовно-графичкото обликување и компјутерската обработка се на академскиот сликар Томе Манески.

Творечкиот опус на Горјан Петревски, (1951) е богат и обемен, главно, тинејџески, со четириесетина прозни и еден поетски наслов („Татковата прва љубов“), како и романот за возрасни „Духот на Михаела Косар“ и „Моите мали вистини“, книга со записи и цртички. Од досегашното творештво, барем половина од насловите се романи за тинејџери во кои, главно, се обработува тинејџерската возраст и проблемите на тинејџерите. Токму затоа, Горјан Петревски е омилен лектирен писател.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска