„Билд“: Германија планира да го продолжи „локдаунот“ до крајот на јануари

Од:

Германија на 10 јануари нема да го укине „локдаунот“ на земјата воведен заради пандемијата, како што првично беше планирано, туку има намера да ја продолжи оваа мерка до крајот на јануари, тврди весникот „Билд“, повикувајќи се на видео конференциската врска на шефицата на кабинетот на германската канцеларка, Хелге Браун, со шефовите на кабинетите на премиерите на 16 провинции.

На 5 јануари канцеларката Ангела Меркел и покраинските премиери ќе разговараат дали затворањето ќе биде продолжено до 24 или 31 јануари.

Министерот за здравство Јенс Шпан пред два дена веќе навести дека на почетокот на јануари нема да дојде до „отклучување“ на земјата.

Шпан притоа кажа дека е нереално да се очекува мерките да бидат укинати до 10 јануари, и додаде дека без сомнение тие ќе останат на сила и по тој датум.

Би можело да ве интересира

Летово во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Германскиот Уставен суд ја одобри задолжителната вакцинација на здравствените работници

Германија првпат по седум месеци нема смртен случај од Ковид-19

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус

Германец примил 87 вакцини против ковид

Германија ги укинува антиковид мерките и покрај рекордниот број заразени минатата седмица