Филипче: Русите ни ја нудеа вакцината „Спутник 5“ кога уште не знаевме дали е безбедна

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната собраниска седница посветена на пратеничките прашања информира дека пред неколку месеци добил понуда од рускиот амбасадор во нашата земја Сергеј Баздникин за руската вакцина „Спутник 5“, но таа тогаш била во третата фаза од клиничките испитувања, а процесот, кој гарантира нејзина безбедност, не бил целосно завршен.

– Последните месеци тој процес заврши и таа влегува во еден од деловите на КОВАКС механизмот. Не како целосно одобрена. Меѓутоа, очигледно дека во официјалната група на сите производители преку КОВАКС ќе стигне и руската „Спутник 5“. Значи, ние ќе можеме евентуално да ја добиеме и оваа вакцина со одлука на СЗО и на Гави алијансата, изјави Филипче.

Министерот нагласи дека не постоела ниту една можност да ја добиеме руската вакцина во моментот кога првпат ни била понудена, оти не бил завршен процесот на клиничко испитување.

Тој рече и дека со премиерот Зоран Заев денеска успеале да склучат договор со компанијата „Фајзер“, а првите вакцини треба да пристигнат во февруари.

– Тоа е единствената вакцина која има одобрение од двете регулаторни комисии на САД и Европа, ФДА и ЕМА. Вакцината е единствената која ги има поминато сите многу строги контролни механизми на овие административни тела, истакна Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко Филипче е главниот лик во аферата „Провизии кои чинат животи“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче ја уништија надежта, немаат кредибилитет да зборуваат за младите

Ако Мицкоски продолжи вака нема ни Господ му помогне, вели Филипче

Горан Наумовски

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци

Горан Наумовски

Филипче: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат вака влада

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче дозволил изградба на 16 модуларни болници кои не исполнуваат минимални стандарди

Горан Наумовски