Лукашенко: Ќе поднесам оставка кога од мене тоа ќе го побара последниот полициски специјалец

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко рече дека нема да поднесе оставка се додека последниот полицаец од специјалните единици за сузбивање немири не го побара тоа од него, пренесува агенцијата ТАСС.

– Се додека последниот полицаец од специјалните единици за контрола на немири не ми рече да заминам, јас ќе стојам цврсто на ова тло, рамо до рамо со вас, затоа што вие и јас немаме ништо друго освен оваа земја, рече Лукашенко за време на посетата на специјалната полициска единица во Минск.

Претходно во текот на денот, специјалната белоруска единица за сузбивање немири му додели највисок орден на Лукашенко – црна беретка за „специјална служба“.

Тој, пак, им додели признанија на полициските и воените службеници.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Катерина Ѓуровски

Лукашенко помилува 30 политички затвореници осудени по протестите

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Лукашенко издаде наредба: Ја испраќа војската на границата со Украина