Стејт департментот одобри можна продажба на оружје за Саудиска Арабија за 290 милиони долари

Од:

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на 3.000 прецизно наведувани проектили за Саудиска Арабија, со договор вреден 290 милиони американски долари.

Стејт департментот продажбата на оружјето за Саудиска Арабија ја одобри денеска откако американската Агенцијаа за соработка во одбраната (ДСЦА) го информираше Конгресот за можниот договор со Саудиска Арабија, пренесуваат британските медиуми.

Пакетот вклучува 3.000 бомби „ГБУ-39“, контејнери за складирање, помошна опрема, резервни делови и техничка поддршка, наведе вчера Пентагон во соопштение и додаде дека продажбата на оружјето ќе ја подобри способноста на Саудиска Арабија да одговори на сегашните и идните закани со зголемување на количеството на прецизна муниција воздух-земја, што е ефикасна и предизвикува помала колатерална штета.

Членовите на американскиот Конгрес се незадоволни од големиот број цивилни жртви во Јемен, а на почетокот на оваа година се обидоа, но не успеаја да ја блокираат продажбата на воените авиони „Ф-35“ на Ријад.

И покрај одобрението на Стејт департментот, ова соопштение не значи дека е потпишан договор или дека се завршени преговорите.

Продажбата се случува во последните денови од мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, а новоизбраниот претседател Џо Бајден вети дека ќе ја запре продажбата на оружје за Саудиска Арабија, најголемиот купувач на американско оружје на Блискиот исток, во обид да го спроведе притисок врз Ријад да се стави крај на војната во Јемен, што ја предизвика најтешката хуманитарна криза во светот.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“