Мизрахи праша дали Заев мисли дека Бугарија била администратор, тој возврати дека никој не ги прашал Бугарите дали сакаат да бидат фашисти

Од:

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи со емотивен говор од собраниската говорница покажувајќи фотографии од нејзините роднини кои биле убиени од фашистите во Втората светска војна, упати прашање до премиерот Зоран Заев дали сè уште мисли дека Бугарите биле адиминстратори, а не фашистички окупатори на оваа територија. Таа праша и дали сè уште може да замижи пред овие историски факти, при што освен страдањата на нејзиното еврејско семејство, во најтешки маки биле убиени недолжни граѓани. Мизрахи праша и дали премиерот е сè уште на ставот дека Петрич и Струмица говорат ист јазик како што изјавил за бугарската агенција Бгнес.

„Ова е мојата тетка господине Заев, имала само две годинки кога пристигнала во Треблинка, а потоа е убиена во 1943 година. И мојата тетка Матилда со семејството завршила во истиот логор. Во 1940 целото мое семејство под команда на бугарскиот окупатор е товарено на воз и однесено во логор, сите се убиени, освен мојот дедо, чиј потомок сум јас господине Заев.

И Страшо Пинџур, народениот херој, убиен е од страна на бугарската полиција на 27 години, тепан и малтретиран. Неговото тело е однесено во непозната локација и до денес не се знае каде е фрлено. Го тепале до смрт затоа што не сакал да даде информации за активностите на отпорот. Дали знаете кој е Мирче Ацев, прогласен за државен непријател и за организирање отпор. Во списите стои: Одби да даде податоци, па поради тоа го тепавме, жестоко го теравме да каже „Сичко знам сичко ќе приказвам“, е така исто и дедо ми бил тепан. Неспорен факт е дека бил убиен во Струмица. Мојата фамилија не е отепана со пенкало, и за мене Петрич и Струмица не говорат ист јазик. Дали Вие се уште го мислите тоа? Дали сè уште и по ова мислите дека Бугарите биле администратори, а не окупатори?“, праша Мизрахи од собраниската говорница.

Премиерот Зоран Заев рече дека сочувствува со судбината на нејзиното и на илјадници семејства кои биле жртви на еден режим, но истакна дека државата не смее да се врти кон минатото и да остане, како што рече, во балканското сивило. Тој рече дека Бугарија не била администратор на овие простори, туку окупатор, но не по волја на мнозинството Бугари.

„Зборувате со чувства, јас сум Македонец и зборувам на македонски јазик, на кој се обратив во ЕУ Парламетот, за што добив громогласен аплауз. Покажувајќи слики, Вие се трудите веројатно да ме повредите, но преку вашите зборови исполнувате личен интерес. Вие сте семејство кое страдало за време на фашизмот, вие немате злоба. Администрацијата или тогашната власт се приклучила на Третиот рајх, не може цела Бугарија да биде фашистичка. Ако истите договори ги постигнале и Чешка и Словачка и Полска и Германија, ако Европа решила да си подаде рака, па тогаш зошто не и ние. Можам да бидам десетпати поголем квази патриот од Вас, но мојот народ ќе биде во балканското сивило, затоа зборувам со зборови на пријателство, за да можеме да продолжиме напред. Нашето минато е наша гордост, наша сегашност и идина. Ќе продолжиме да се гордееме и како Македонци и како Роми и како Евреи. Мораме да оставиме повеќе за нашите деца, да оставиме подобра иднина. Но, дали знаете дека Благој Јанчев-Мучето бил предаден од пет македонски семејства? Фашизмот е карактеристика на поединецот не на цели нации, не можете да обоите цели народи со една ваква идеја. Токму Европа е создадена заради тогашната сегашност и иднината, затоа што е изгорена од фашизмот, но сега е силна и обединета, затоа што мисли за иднината на своите граѓани .Секако дека во тоа време фашисти ги убиле вашите роднини, народните херои и многу семејства, но не можете цела Бугарија, цела Германија да ја наречете фашистичка. Фашист бил тој што убивал и дечиња и возрасни луѓе, што недолжни луѓе биле мачени. Но , ќе кажам не е важно секој да печали по некој поен, туку важно е да си подадеме рака на пријателство, да зборуваме со тој јазик, не со омраза, затоа што тоа нема никаде да нè однесе. Ќе кажам Бугарија во тоа време не по своја волја, туку од наметнат режим морала да биде окупатор на овие простори“, рече Заев одговарајќи ѝ на пратеничката Мизрахи.

Таа не беше задоволна од одговорот, но рече дека ѝ е важно што конечно премиерот јавно кажал дека Бугарите не биле административна управа туку фашистички окупатори на овие простори. Мизрази додаде дека Европа не сака лицемери како Заев што го менуваат мислењето по потреба. Заев на овие обвинувања уште еднаш неколку пати образложи зошто е важно да се избегне јазикот на омраза и да се градат мостови со соседите за заедничка иднина на младите, но пратеничката сепак кажа дека не се согласува со ставовите на премиерот.

Би можело да ве интересира

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Спасовски: Од 2017 до денес сите бонус плати се исплатени, следната е во јуни

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачки до Ковачевски: Дали ќе го разрешите Милошевски како еден од одговорните за случајот со Онишченко

Ана Ололовска

Ковачевски: Екстра профитот направен од компаниите во време на криза е предмет на иницијатива за праведно даночење

Ана Ололовска

Ковачевски: Историското покачување на платите во образованието мора да значи и подобри резултати во работата

Ана Ололовска