Николоски до Заев: Каде потрошивте една милијарда и 600 милиони евра кога здравството е на колена, а граѓаните земаат кредити за лекување?

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на седницата за пратенички прашања побара одговор од премиерот Зоран Заев каде се потрошени  600 милиони евра, при што годинава немало капитални инвестиции, инфраструктурни проекти, а не се одлеале ниту пари во здравствениот систем. Тој рече дека заедно со 2020 и 2021 ќе има дупка во буџетот од една милијарда и 600 милиони денари.

„Граѓаните прашуваат каде се парите кога нема никакви капитални инвестиии, но и кога немате нешто посебно направено за здравството, во услови кога нема места во болниците и кога граѓаните мораат да земаат кредити и да се лекуваат во приватните болници. Пред неколку денови се усвои буџетот за 2021, во кој е предвидена дупка од 600 милиони евра, по услов да остане таа проекција, за што се сомневам и мислам дека, за жал, ќе биде повисока, ако ја додадеме дупката од 1 милијарда евра во тековната 2020 година, вкупно за 2020-2021 година имаме дупка од 1 милијарда и 600 милиони евра, што е најголемата кумулативна во два буџета во историјата на независна Македонија“, рече Николоски од собраниската говорница.

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничкото прашање на Николовски рече дека дефицитот од 600 милиони евра е искористен за социјалните пакети за помош на компаниите и граѓаните за ублажување на последиците од економската криза предизвикана од корона-кризата. Тој вели дека дефицитот е поголем во однос на изминатите години, но уверува дека парите биле домаќински потрошени, односно пренасочени кон стопанството и ранливите категории граѓани.

„Финансиската состојба е стабилна, државата е ликвидна. БДП е паднат, тоа е факт, но тоа е поради падот на работата на странските компании овде, поради германскиот капитал при што генерално извозот и увозот поради кризата  е намален. 2020 ја завршуваме во добра кондиција,  на кредиторите им се вратени 1 милијарда 140 милиони денари. Ова година сепак беше најтешка. И покрај корона-кризата, вратени се сите кредити кои доспеваат. Ја завршуваме со 96% реализација од буџетот, и при тоа не се важни само капиталните инвестиици, тука се социјалните аспекти, кои беше многу важно да се реализираат во пакет со економските мерки. Капиталните инвестиции се реализирани приближно 86%. За време на корона-криза со забавени активности и овој дефицит од 600 милиони не е многу висок со оглед на фактот што тој редовно е 350 милиони. Реализиравме 4 пакети при што вбризгавме директно пари во македонските домаќинства, како и во фирмите за зачување на работните места. Тоа значи дека државата се откажала од многу непродуктивни трошоци, но така сме сочувале околу 100 илјади места, сме помогнале на над 400.000 граѓани.  Во ковид-кризата на граѓаните и компаниите им се исплатени преку 65 милијарди денари. За 2021 сè уште не можеме да кажеме како ќе биде. Ова не е дупка, туку средства со кои го помогнавме народот. Секако значаен е и здравствениот аспект каде што државата интервенираше и да беа нови 600, не 300 плус не е проблем затоа што тие пари завршија кај граѓаните. Сега дефицитот е подигнат на 8,5% поради овие трансфери, но имаме стабилна финансиска состојба“, рече Заев во одговор на прашањето.

Би можело да ве интересира

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Спасовски: Од 2017 до денес сите бонус плати се исплатени, следната е во јуни

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачки до Ковачевски: Дали ќе го разрешите Милошевски како еден од одговорните за случајот со Онишченко

Ана Ололовска

Ковачевски: Екстра профитот направен од компаниите во време на криза е предмет на иницијатива за праведно даночење

Ана Ололовска

Ковачевски: Историското покачување на платите во образованието мора да значи и подобри резултати во работата

Ана Ололовска