Институтот за македонска литература ја затвора оваа година со објавени два зборника на научни трудови и четири научни книги.
Двата зборника на научни трудови се под наслов „Урбани културни идентитети – Скопје и Истанбул“ и „Mакедонскиот и српскиот роман на преминот во новиот милениум (споредбени аспекти)“.
Научните книги, пак, се насловени „Магичен реализам: нова објективизација на стварноста“ од Јасмина Мојсиева-Гушева, „За песните и приказните“ од Наташа Аврамовска, „Античката литература во македонската културна средина (културно-општествени и преводни аспекти)“ од Дарин Ангеловски и „Од Прличев до Конески“ од Славчо Ковилоски.
Повеќе информации околу овие изданија може да се најдат на следниве линкови: http://iml.edu.mk/index.php/