Секторот водовод на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во ноември имал 1.404 интервенции во отстранување улични дефекти и на шахти, поставување затворачи, огрлици, приклучни цефки, изведување на водоводна мрежа и други оперативни активности.
Од скопски Водовод наведуват дека секторот канализација извршил 17.911 интервенции, во делот на проверки на шахти, изведби на површинско чистење на решетки од сливници, изведби на рачно чистење шахти и сливници, влечење од јама, чистењa на сифон, отпушување на затрупани шахти, изведба на фекална канализација, изведба на атмосферска канализација и други оперативни активности.
Во Дежурно информативен центар на скопски Водовод биле пријавени и реализирани 1.400 интервенции.
Секторот за санитарна контрола, пак, спровел, 1.591 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од градскиот водоснабдителен систем.