Седница на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство во второ читање; Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година, по скратена постапка во второ читање; Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, по скратена процедура во второ читање; Предлог-законот за одлучување за изменување и дополнување за Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во второ читање; Предлог-законот за меѓународна соработка во кривичната материја во прво читање.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата че расправаат за предлог листата на пријавените кандидати за избор на членови во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Би можело да ве интересира

Русопулос: Европската единственост не е подарок од географијата, туку избор на волја

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК