Илјадници луѓе денеска протестираа во Токио поради нуклеарната енергија и плановите на премиерот Шинѕо Абе повторно да ги вклучи реакторите, кои беа исклучени по цунамито во Фукушима во март 2011 година.
Организаторите соопштија дека во протестот учествувале 7.500 луѓе, меѓукои и жртвите од Фукушима.
Демонстрантите го опколија и седиштето на компанијата ТЕПКО, оператор на нуклеарната централа Фукушима.
Абе најави дека повторно ќе бидат вклучени реакторите, ако се гарантира нивната безбедност.