Светска премиера на „Хомо“ во јануари на 51. ИФФК во Гоа

Од:

Играниот филм „Хомо“ на режисерот Игор Иванов ќе има светска премиера на 51. Интернационален филмски фестивал во Индија, кој ќе се одржува од 16 до 24 јануари 2021 во Гоа, соопшти продукцијата Скопје филм студио.

– Педесет и првиот ИФФИ Гоа го селектираше „Хомо“ во главната програма „Светска панорама“, која прикажува селекција од најдобрата продукција од целиот свет, информира продукцијата на филмот, која за овој престижен фестивал наведува дека го препознава и поттикнува талентот и на докажани, и на надежни автори, и низ годините стекнал репутација на еден од најзначајните не само во Азија, туку и во светот, како платформа за врвните филмски достигнувања од најновата кинематографија.

Фестиваот е од А-категорија и најстар интернационален во Азија, основан во 1952 година и меѓу натпреварувачките акредитирани од релевантната Федерација на асоцијации на филмски продуценти, во иста категорија со фестивалите во Берлин, Кан, Венеција, Локарно, Карлови Вари.

Македонската премиера на „Хомо“ беше на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ , а домашната публика досега имаше можност да го гледа во кината во Скопје и во центрите на култура во Битола, Охрид, Струга и Штип.

Филмот е снимен по сценарио на Игор Иванов и Сашо Кокаланов. Прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор. Безнадежните ликови случајно се среќаваат во модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа.

Во филмот играат: Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ од Косово, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски од Бугарија, Себастијан Каваца од Словенија, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски.

Скопје филм студио е главна продукциска куќа и го сними филмот во соработка со Арт енд попкорн од Србија, Гала филм од Бугарија, Тригер од Косово и Иридиум филм од Словенија. Во екипата учествуваа автори од овие земји односно, како што наведува Скопје филм студио: „од копродукциската структура произлезе одлична меѓународна екипа сочинета од докажани и искусни филмаџии“.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ