Народна банка за првпат објави податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија

Од:

Народната банка за првпат објави статистички податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија. Податоците се значајна аналитичка алка и важен извор на информации за согледување на финансиското однесување на секторите во националната економија.

Од Народната банка информираат дека податоците се изработени согласно меѓународните и европските статистички стандарди.

– Започнувањето со објавување на статистичките податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија е исклучително важен момент за нашата национална статистика. Од денес, корисниците на статистичките податоци имаат на располагање детални информации за состојбата и промените на финансиските средства и обврски на одделните сектори во економијата, нивната структура по одделни финансиски инструменти, како и за меѓусебната финансиска поврзаност на секторите во нашата економијата. Со ова, носителите на политиките ќе имаат уште поцврста статистичка основа за носење на своите одлуки и клучно – сите ќе имаме уште појасна слика за трендовите во нашата економија, вели во видео обраќање гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Посочува дека статистиката на финансиските сметки е исклучително важна, но и една од најкомллексините статистики.

– Меѓународните искуства потврдуваат дека процесот на изработка на статистиката на финансиските сметки е исклучително сложен и бара големи, долготрајни вложувања. Оттаму, денес, треба да сме горди за постигнатото по неколкугодишното вложување на тимот на Народната банка, а тоа е објавувањето на оваа статистика и кај нас, истакнува Ангеловска-Бежоска, додавајќи дека институцијата останува посветена на целосно исполнување на највисоките статистички стандарди.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски