Во Јапонија се појави најновата, „јужноафриканска“ мутација на коронавирусот

Од:

Во Јапонија денеска е идентификуван уште еден, најнов вид на коронавирус, што е откриен во Јужноафриканската Република, соопшти владата во Токио.

Ова е првпат овој нов тип на коронавирус да биде забележан во Јапонија, во која веќе се идентификувани повеќе од десет случаи на другиот откриен мутиран тип на вирусот, кој брзо се шири низ Велика Британија.

Министерството за здравство соопшти дека жена од 30-на години, која пристигнала во Јапонија на 19 декември, била заразена со новата варијанта на вирусот.

Јужноафриканските здравствени власти неделава соопштија дека новиот вид може да биде одговорен за неодамнешното зголемување на бројот на заразени во оваа земја.

Јапонските власти одлучија од денеска да го забранат влезот за странци во земјата, во обид да спречат ширење на новиот тип на коронавирусот што за првпат беше откриен во Британија.

Главниот град Токио пред два дена регистрира 949 новозаразени со коронавирусот во еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он