Светот го доби новиот број 1

Од:

Ја освои седмата титула на Вимблдон, 17-тата Грен Слем во неговата кариера и повторно е на првото место на АТП листата по повеќе од две години.

Швајцарецот Роџер Федерер во финалето го победи Енди Мареј со 3:1, во сетови 4:6, 7:5, 6:3, 6:4 и со тоа ја разочара домашната публика која чека Британец да го освои трофејот од 1936-та година.

Со овој триумф Федерер се изедначи со рекордот кој го држеше Пит Сампрас, кој исто така има седум титули на Вимблдон, а наскоро ќе го помине и по бројт на недели на првото место на АТП листата.

Сампрас има една недела повеќе – 286. Федерер е на чело на АТП листата прв пат по 6-ти јуни 2010-та година, а ова му е прв трофеј на Вимблдон по 2009-та година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата

Сензација во Шангај: „Летечкиот Џордан“ го исчисти Алкараз