Шекеринска: Со предлогот за набавка на терминали за отпечаток од прст ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не сака попис

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска барањето на опозицијата за набавка на 10 илјади апарати за отпечаток од прст, го оцени како неодговорно и со намера да се купи време и да пропадне идејата за попис. Таа рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го проблематизира пописот и затоа нуди идеи кои не се прифатливи и спроведливи. Порача дека е време државата да покаже одговорност кон оваа статистичка операција која е неопходна да се спроведе на пролет.

„Кога една парија неколку месеци пред пописот, кој го чекаме со години, ќе даде предлог да се купат илјадници апарати кои не само што чинат пари, туку треба и време тоа да се споведе, ни укажува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не сака да има попис. И тоа е истата партија која еднаш тргна во попис, која самата ги рушеше правилата на пописот, потроши 4 или 7 милиони евра не ме фаќајте за збор и рече пу-пу не важи. Оваа држава не може веќе ништо да планира и личи на сериозна држава, ако уште еднаш го одложи пописот.

Овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е уше еден обид да се одложува и проблематизира пописот. Сличен предлог имаше пред неколку години, кога имавме време да планираме изборна реформа да гарантираме дека граѓанинот кој што е на избирачката листа е гласач. ВМРО-ДПМНЕ тогаш целосно го блокираше, иако имаше време тогаш тоа да го направиме. Не само што се лицемери, не само што едно говорат пред неколку години, а сега друго, туку прават да се претставиме како неодговорна држава која треба да увиди какви социјални, економски и демографски проблеми има. Ова е само нов предлог да се купи време и да пропадне идејата за попис“, рече Шекеринска во однос на барањето на опозицијата за набавка на 10.000 терминали за отпечаток од прст.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

A1on

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

A1on

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска