Тројца војници од НАТО загинаа во Авганистан

Од:

НАТО соопшти дека тројца војници и еден цивил кој работел за меѓународната коалиција загинале во напади во Авганистан.

Еден од војниците и цивилот загинале во бунтовнички напад во источниот дел од таа држава.

Вториот војник бил убиен од бомба поставена покрај пат додека третиот загинал од експлозија на бомба во јужен Авганистан.

Бројот на загинатите војници во меѓународната коалиција во Авганистан од почетокот на годината е 66.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија