Хеликоптерот на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад слетал принудно денеска во планински регион, јави ДПА повикувајќи се на ирански медиуми.
Претседтаелот и дел од луѓето кои биле со него, не се повредени. Тие го продолжиле патувањето со автомобил.
Ахмадинеџад треба да присуствува на отворање тунел во североисточен Иран. Хеликоптерот слетал принудно на планината Елбрус заради технички проблеми.