ВИДЕО: Пет светски настани кои ја одбележаа 2020 година, а не се за коронавирусот

Од:

Кога ќе се спомене 2020 година, сите веднаш помислуваат на Kовид-19 и тоа е во ред. Но, оваа година имаше и други светски настани што ќе влијаат на случувањата во годините што претстојат

Дури и да не ја сметаме пандемијата на коронавирусот, идните историчари 2020 година ќе ја сметаат за година полна со настани што го сменија светот.

Од претседателските избори во Америка до повеќемесечните протести против „последниот европски диктатор“, ова се пет настани што ќе го обликуваат светот во следните години.

Бајден го победи Трамп на изборите во САД

Очите на целиот свет во ноември беа свртени кон САД – и сите едвај чекаа да дознаат дали најголемата економска и воена сила на светот ќе ја води Доналд Трамп уште четири години или ќе му биде препуштена на демократскиот кандидат Бајден.

Иако изборите беа одржани на 3 ноември, борбата беше тесна и неизвесна во некои клучни земји, па дури по неколку дена, Џо Бајден беше проектиран како победник, додека броењето на гласовите продолжи.

Сепак, Трамп не го прифати поразот, велејќи дека изборите се лажни и дека станува збор за изборна измама од страна на демократите, без да наведе докази.

Бајден победи со рекордни 81.283.385 гласови наспроти 74.2223.744 гласови на Трамп, а Изборниот колеџ ја потврди победата на Бајден – 306 изборни гласови, додека Трамп освои 232.

Велика Британија излезе од Европската унија

Велика Британија официјално ја напушти Европската унија на 31 јануари оваа година – но со преоден рок како дел од Договорот за повлекување.

Ова е прв пат некоја држава да го напушти блокот, а долгорочните последици допрва треба да се видат.

Напуштањето се случи четири години по референдумот, а земјата за тоа време смени дури тројца премиери. Сагата траеше до крајот на 2020 година, додека Велика Британија и ЕУ „се бореа“ околу трговскиот договор и другите аранжмани.

Европска Унија и Велика Британија постигнаа трговски договор, по неколкумесечни несогласувања околу правата за риболов и идните бизнис правила.

Договорот е постигнат една недела пред истекот на транзицискиот период на Брегзит.

Револуција во Белорусија

Александар Лукашенко, кого некои го нарекуваат „последен диктатор на Европа“, победи на претседателските избори во август, тврди неговиот режим.

Сепак, западните влади, ЕУ и голем дел од белоруското население не се согласуваат, тврдејќи дека изборите биле наместени во корист на Лукашенко, кој е претседател 26 години – и е единствениот претседател што некогаш го имала земјата.

Предводена од коалиција на жени лидери, опозицијата забележа огромна поддршка во јавноста во изборниот круг, а по објавувањето на резултатите, се одржаа невидени протести низ целата земја.

И покрај репресијата од страна на државните безбедносни сили, која опфаќаше илјадници апсења, обвинувања за тортура и смрт на голем број активисти, протестите продолжуваат да се одржуваат на улиците на Минск и другите градови.

Лидерот на опозицијата Светлана Тихановскаја беше противкандидат на изборите по апсењето на нејзиниот сопруг. Оттогаш се наоѓа во егзил, додека другите опозициски лидери се принудени да ја напуштат земјата или се во затвор.

Оставка на владата во Бејрут по катастрофалната експлозија во пристаништето

Околу 200 лица загинаа, а илјадници беа повредени во катастрофалната експлозија во пристаништето Бејрут на почетокот на август.

Но, последиците од таа експлозија ги надмина штетите, смртта и уништувањето што го предизвика, што на крајот доведе до оставка на владата по негодувањето во јавноста и меѓународниот свет.

Попладнето на 4 август, огромна експлозија, толку моќна што се почувствува и на стотици километри оддалеченост, во Израел и Кипар, го потресе Бејрут.

Официјални лица изјавија дека тоа е предизвикано од согорување на околу 2.750 тони амониум нитрат, индустриско ѓубриво што стоело со години на пристаништето, неправилно складирано.

Потврдено е дека повеќе од 200 лица загинаа од експлозијата, илјадници беа хоспитализирани, а околу 300.000 луѓе останаа без покрив над главата поради широко распространетата штета нанесена во поголемиот дел од градот.

Откако беше откриена причината за експлозијата, со потенцијално опасна супстанца што се чувала погрешно, се зголеми гневот во земјата.

Неколку дена по експлозијата – владата поднесе оставка.

Премиерот на Либан, Хасан Диаб е само еден од официјалните лица кои се соочуваат со обвиненија за експлозијата. Судијата што ја поднесе тужбата рече дека министрите добиле неколку предупредувања за амониум нитрат и дека не презеле никакви мерки за да го спречат тоа што се случило.

Движењето Black Lives Matter се прошири на глобално ниво

Смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд (46), кој почина откако полицаец го стисна за вратот и клечеше врз него повеќе од осум минути за време на апсењето, доведе до големи протести не само во САД, каде се случи инцидентот, туку и низ целиот свет.

Флојд беше уапсен на 25 мај откако наводно се обидел да плати намирници со фалсификувани пари. Дерек Шовин, белец, полицаец од Минеаполис, клечеше на вратот, додека другите полицајци му помагаа да го задржи Флојд на земјата или ги спречуваа минувачите да помогнат.

Откако снимките од неговата смрт станаа вирални, имаше големи протести против полициската бруталност и расна неправда, првично локално, пред тие да се прошират низ САД, а потоа и низ целиот свет.

Имаше демонстрации во европските градови, каде што се појавија прашања за тековната расна нееднаквост, полициска бруталност и историски прашања како што е колонијализмот.

Движењето Black Lives Matter, основано во 2013 година по убиството на тинејџерот Трејвон Мартин, доби меѓународно внимание по смртта на Флојд, а организации беа основани во многу земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Израел им забрани на илјадници палестински христијани да влезат во Ерусалим за време на Велигден

Масовни протести на Американците против Трамп

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“