Општина Шуто Оризари денеска ќе пушти во употреба народна кујна која ќе опслужува над 200 семејства во социјален ризик со топол оброк и леб.
– За континуирани функционирање на народната кујна и обезбедување на нејзина одржливост, Општина Шуто Оризари склучи договори со општествено-одговорни компании и фондации кои ќе учествуваат во функционирањето на народната кујна со намирници од сопствено производство. Почетокот на Народната кујна е овозможен со сопствени средства на Општина Шуто Оризари, компаниите „Жито Лукс“ и Фондацијата „Албиз“, соопштија од општината.