Велика Британија и Романија ги предупредија граѓаните за ситуацијата во Турција

Од:

Велика Британија ги предупреди своите граѓани да се воздржат од патување во Турција поради судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Истанбул, во Анкара и во други градови.

– Треба да бидете посебно внимателни за време на патувањето во окрузите во Јужна Турција и во реоните кои се во непосредна блзиина на границата со Сирија. Има голема веројатност од терористички напади, се наведува во соопштениете на британското Министерство за надворешни работи.

Британските граѓани беа предупредени и да не присуствуваат на протестите, на кои турските власти користат солзавец и водени топови за растерување на демонстрантите.

Министерството за надворешни работи на Романија им порача на своите граѓани кои патуваат во Истанбул да го избегнуваат централниот дел на градот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно