Магла на патните правци Тетово-Попова Шапка, Тетово-Скопје и на Ѓавато

Од:

Поради појава на магла намалена е видливоста на патните правци Тетово – Попова Шапка од 20 до 30 метри, Тетово – Скопје од 100 до 150 метри и на планинскиот премин Ѓавато до 100 метри, информираат од АМСМ.

Од Авто мото сојузот на Македонија додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Оттаму потсетуваат дека од 15 ноември е на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2021 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат и дека патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15 ноември годинава до 1 април наредната година.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска

Сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево пренасочен преку Виница и Смојмирово

Ана Ололовска