По објавувањето на пресудата за Селахатин Демиртас против Турција, од вчера Интернет страницата на Европскиот суд за човекови права е цел на голем кибер напад, што ја направи привремено недостапна, јави дописникот на МИА.
Според краткото соопштение на Европскиот суд за човекови права, што самиот го обелодени нападот, понатаму се додава дека „судот длабоко жали за овој сериозен инцидент. Надлежните служби во моментов вложуваат напори за што побрзо санирање на состојбата“.