Еден од најпознатите градови на Маите е сместен на источниот брег на полуостровот Јукатан на 12 метри висока карпа. Гледа на Исток и на величественото изгрејсонце и е прв град кој го осветлувало сонцето. Затоа и сите го нарекуваат „Град на изгрејсонцето“.
Градот Тулум, за време на Маите бил голем град и пристаниште. Тулум значи ѕид, што покажува колку била одбраната значајна во светот на Маите. Благодарејќи на прекрасната тропска плажа, ова место е едно од туристичките атракции во Мексико.
Тулум е изграден околу 1200-та година, кога цивилизацијата на Маите почнала постепено да пропаѓа.
Еден е од последните градови кои Маите го изградиле и во кој живееле.
Својот зенит го доживеал меѓу 13 и 14-от век, кога бил дел од значаен трговски пат.
Се верува дека причина за неговото пропаѓање биле болести, кои ги донеле шпанските колонизатори.
Урнатините на таинствените Маи, прекрасните плажи од бел и ситен песок, топлото Карипско море и волшебните заоѓања на сонцето ќе ви докажат дека ова необично место има волшебства и тајни, кои, само Маите ги знаат.