Повеќе од илјада загинати во мај во Ирак

Од:

Повеќе од илјада луѓе се убиени во мај во бран насилства во Ирак, соопштија ОН.

Во мај се убиени 1.045 луѓе и 2.397 се ранети во напади ширум државата. Тоа според ОН е највисока цифра во изминатите пет години.

Насилствата се поврзани со раст на тензиите меѓу шиитското мнозинство и сунитскското малцинство.

Поттикнати од сунитскиот бунт во соседна Сирија и ирачките сунити, локалното крило на Ал Каеда и други сунитски оружени групи стануваат се повлијателни и враќаат терен загубен по борбите со американските сили.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак