Џон Мекејн: Сириските бунтовници имаат потреба од тешко вооружување

Од:

Сириските бунтовници треба да добијат муниција и тешко оружје за да се спротистават на тенковите и авионите на режимот, инаку нема да бидат во можност да имаат надмоќ. Тоа го изјави американскиот сенатор Џон Мекејн неколку дена откако се сретна со лидери на опозицијата во Сирија.

– Тие не можат да се борат со АК-47 со тенкови, изјави Мекејн во интервју по телефон за американски медиуми.

Администрацијата на Обама не пројавува интерес да достави оружје за сириската опозиција стравувајќи дека тоа може да дојде во погрешни раце.

Мекејн додаде дека разговарал со бунтовниците за каков вид оружје имаат потреба и дали може да гарантираат контрола врз оружјето.

– Уверен сум дека може да дадат оружје во правилни раце и имаат потреба за него за да ја променат ситуацијата на бојното поле која во моментот е во полза на Асад, изјави Мекејн.

– Тешко е да се поверува оти Асад ќе седне да преговара за повлекување кога има надмоќ. Јас сум целосно за мировна конференција, истакна американскиот сенатор кој е член на комисии за вооружените сили и надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД