Генералниот секретар на Интерпол Јирген Шток денеска предупреди дека со испораката на вакцини против коронавирус, се очекува „драматично“ зголемување на криминалот.
– Со испорака на вакцини, криминалот драматично ќе се зголеми, рече тој во изјава за германскиот весник „Виртшафтсвохе“.
Како што изјави, „ќе бидеме сведоци на кражби, провални кражби во магацини и напади за време на транспортот на вакцините“.
Во Германија, федералната полиција е одговорна за доставување вакцини што ќе се чуваат на тајни места.
Европските здравствени власти денеска треба да одлучат за пласирање на првата вакцина.