Музиката лекува шум и зуење во увото

Од:

Најново истражување на германски научници покажува дека звуците што ги слушаат луѓето кои имаат тинтус би можело значително да се намали со музикотерапија, што е многу пријатен и евтин метод.

Тинтус е чувство на звуци во увото без некоја надворешна дразба и тој звук може да се опише како шум или зуење.

Научниците од болницата во германскиот град Минстер спроведоа истражување во кое учествувале 39 луѓе со хроничен тинтус.

Притоа, сите учесници во истражувањето се замолени редовно да слушаат музика.

На некои учесници им е пуштана музика од која се отстранети звуците кои имаат иста фреквенција како и зуењето во нивните уши.

По шест месеци, на тие пациенти состојбата значително им се подобрила, додека кај оние кои слушале неизменета музика немало никакво подобрување.

Авторите на истражувањето велат дека „резултатите покажуваат дека звуците кои ги слушаат луѓето кои имаат тинтус можеле значително да се намалат со музикотерапија, што е многу пријатен и евтин метод, а може да се прилагоди на сите музички вкусови“.

Честа причина на шумови во увото (до околу 30 отсто) е оштетување на нежните слушни клетки со бучава или тресок, каде пред се спаѓаат музиката која младите ја слушаат во слободно време (во дискотеки, рок концерти), но и бучавата на работното место.

Постојат и бројни други причини за тинтус кои треба да се земат предвид – заболувања на вратниот дел на ’рбетот, болести и подрачја на забите и зглобот на вилицата, намалување на слухот условено со стареењето, кружни вртоглавици поврзани со наглувост, заболување на срцето и крвотокот, метаболички пореметувања, заболување на бубрезите, хормонско пореметување.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ