Индија планира во првата фаза да вакцинира 300 милиони лица

Од:

Со веќе над 10 милиони потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата Индија стана втората најпогодена земја во светот од коронавирусот, по САД.

Индиската Влада има за цел во следните неколку месеци да изврши масовна вакцинација меѓу населението, во чија прва фаза ќе бидат опфатени речиси исто толку луѓе како целата популација на САД, пишува Си-Ен-Ен.

Владата на премиерот Нарендра Моди одреди 300 милиони луѓе да ја примат првата доза од вакцината.

Приоритетната група се состои од 30 милиони здравствени работници, полицајци и војници и 270 милиони луѓе кои припаѓаат на ризичните групи, претежно над 50-годишна возраст и лица со сериозни хронични болести.

Би можело да ве интересира

„Емирејтс“ бесплатно ќе пренесува помош од Дубаи во Индија