Објавени тајните цени на Ковид вакцините

Од:

Државната секретарка за финансии во Белгија Ева де Блекер ги објави цените на вакцините против Ковид-19, јавија локалните медиуми.

Како што пренесуваат медиумите, податоците биле објавени на Твитер за време на дискусијата за федералниот буџет, која траеше 30 часа.

Де Блекер потоа ја избриша пораката со доверливи информации.

Според објавените податоци, една доза од вакцината на „Астра Зенека“ чини 1,78 евра, на „Џонсон и Џонсон“ – 8,50 долари, на „Санофи“ – 7,56 евра, на „Фајзер“ – 12 евра, на „КјурВак“ – 10 евра, а на „Модерна“ – 18 долари.

Овие податоци се дел од прелиминарните договори за снабдување потпишани од Европската комисија, кои им овозможуваат на земјите од ЕУ да добијат вакцини во одредени количини по фиксна цена.

ЕК одби да ги објави официјално цените, со објаснување дека тоа е деловна тајна, но ги достави сите податоци на државите.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он