Швајцарија: Парламентот одобри брак за сите

Од:

Швајцарскиот парламент го одобри нацрт-законот за одобрување брак за истополови парови, неколку години по многу други западноевропски земји.

Швајцарците сепак треба да го кажат последниот збор затоа што партијата на Федералниот демократски сојуз (УДФ), мала формација која ги брани христијанските вредности, веќе објави дека ќе побара референдум.

Граѓанскиот брак за сите, досега беше усвоен од двете собраниски комори по повеќегодишна процедура, првичниот нацрт беше поднесен од Зелената либерална група во 2013 година.

Усвоениот текст им овозможува на хомосексуалците и лезбејките да стапат во брак, а вторите да имаат пристап до донирање сперма, една од најконтроверзните точки. Досега, истополовите парови можеа да склучат „регистрирано партнерство“ што не им даваше исти права како брак.

-Ова е историска победа за правата на ЛГБТИК заедницата, реагираше Амнести Швајцарија преку твит. Здружението „Фамиј Арк-ен-сиел“, основано во 2010 година за да ги брани интересите на хомо родителните семејства во Швајцарија, од своја страна веќе посочи дека „се подготвува за референдумот најавен“ од УДФ.

-Ако противниците започнат референдум, ние сме подготвени, изјави Матијас Ерхардт, потпретседател на националниот комитет создаден за референдумот на почетокот на декември.

-Имаме 82 отсто од населението зад нас и благодарение на мобилизирачката сила на ЛГБТ заедницата, нашите партнерски организации и политичките партии кои не поддржуваат, ќе можеме дополнително да го зголемиме прифаќањето на ЛГБТ лицата во општеството благодарение на ова кампања за гласање, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ