Донесени измените на законите за јавната и државната администрација

Од:

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 62. седница ги донесе измените на Законот за државни службеници и на Законот за јавни службеници.

Во расправата, пратеникот Ивон Величковски од Либералната партија рече дека со измените се уништува концептот на ефикасна јавна и државна администрација и оти власта сака да овозможи партиска мобилност во администрацијата.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски појасни дека концептот на преземање на јавни и државни службеници се заснова на јасно утврдени критериуми и оти со оваа постапка нема да се зголеми бројот на вработени во администрацијата.

Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека со измените се создава механизам со кој на вработените во јавната и државната администрација им се дава можност да ја продолжат својата кариера онаму кадешто има потреба.

– Со оваа мерка превенираме да не се зголемува администрацијата во Македонија, нагласи Саздов.
Собранието ги донесе и измените на Кривичниот законик, Законот за прекинување на важноста на адвокатските маркички, Закон за финансиска инспекција во јавниот сектор, измените на Законот за акцизи, како и Законот за филмска дејност.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител