Тешко повредена 33-годишна жена пешак

Од:

Триесет и тригодишна жена пешак од Јегуновце е тешко повредена откако во неа удрило возило „Мерцедес“ управувано од 36 годишник на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово. Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 16 часот.

-Патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(36) од тетовски Порој, удрило во 33-годишната И.Ѓ.(пешак) од Јегуновце. Во незгодата, И.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информира денес Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на декември тетовската полиција бележи и сообраќајна несреќа во која имаше и пешак кој го загуби животот. На 6 декември на патот Тетово-Јажинце, животот го загубил И. А (43) од гостиварското село Дебреше, а 36–годишен маж од селото Пршовце беше приведен како осомничен за сообраќајката затоа што по настанот заминал од местото.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он