Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, утревечер ќе го отвори деветтото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.
Фестивалот годинава се одржува под мотото „Зад деветтото платно“, а свечениот чин на отворањето ќе почне во 19,30 часот во големата сала на Домот на АРМ во Струмица.
Во првата фестивалска вечер ќе биде доделено признанието Астер за високи достигнувања ви авторскиот филм на словенечкиот режисер Карпо Година, а почесното признание за вонсериски достигнувања во полето на краткиот филм ќе му биде врачено на германскиот синеаст Ларс Хенрик Гас.
Официјалната натпреварувачка програма е групирана во три категории со по седум филмови, а љубителите на филмот ќе можат да уживаат и во богатата ревијална програма. Проекциите и останатите настани ќе се одржуваат во Домот на АРМ и во манастирот во Велјуса. Општина Струмица е покровител на овој интернационален филмски фестивал кој ќе заврши на 5 јуни.